СДСМ денеска реагираше на изјавите на еврокомесарката Кос, нагласувајќи дека македонскиот јазик и идентитет се недвосмислено признати од Европската Унија, согласно сите досегашни договори и документи потпишани меѓу Македонија и ЕУ.
„Очекувавме еврокомесарката Кос да го истакне она што ЕУ самата го има потврдено – а тоа е дека македонскиот јазик и идентитет се неспорни факти. Ние како граѓани на Македонија знаеме кои сме, што сме и од каде потекнуваме“, стои во соопштението.
Од партијата посочуваат дека иако не сметаат дека изјавата била со лоша намера, сепак повикуваат на внимателност кога станува збор за чувствителни теми, особено оние кои, како што велат, „се непотребно отвораат, иако се одамна затворени“.
СДСМ уште еднаш потсетува дека идентитетските прашања се јасно дефинирани и прифатени во европските рамки и дека не треба да бидат предмет на нови дискусии.