На една од последните седници на Владата како точка од дневен ред се разгледувала информацијата со барањето за отворање на Факултет за медицински науки и здравство. Барањето е од МИТ универзитетот од Скопје, еден од најмладите универзитети во државата, кој меѓу своите единици го има и Колеџот за медицинска козметологија и физиотерапија.
МИТ Универзитет на својата интернет страна пишува дека е високо-образовна установа формирана во 2007 година со два факултета, Факултетот за менаџмент и Факултетот за информациски технологии. Во својот состав ги има Факултетот за безбедносни науки, потоа Факултет за дентална медицина, Факултет за психологија, Факултет за архитектура, Економски факултет, Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија и Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија.
Барењето за отворањето на нов Медицински факултет е доставено до Министерството за образование и наука (МОН), што потоа е доставено до Владата.
На прашањето на Канал 77 до владиниот порптарол беше одговорено дека барањето е одбиено.
„Согласно законските обврски и направениот увид на предлог-проектот е утврдено дека не се исполнети условите за основање на нова единица, за што Владата на 78-та седница ја разгледа оваа информација како материјал за информирање“, одговорија од Владата.
Во Македонија лекари продуцираат три Медицински факултети во Скопје, Штип и Тетово, а од следната студиска година и во Битола. Во исто време, податоците на Македонското лекарско друштво околу 250 доктори годишно заминуваат од земјава. Во исто време има и недостаток на лекари, особено специјалисти во одредени специјалности, на неретко еден специјалист ревматолог на пример опслужува регион каде има и по 100.000 жители, поради што е тешко да се дојде и до неопходната редовна терапија која специјалистот треба да ја препише.
В.К.