Стојанче Ангелов реагира дека никој не ги спомена бранителите кои загинаа во биткатаза Арачиново.
Во пост на Фејсбук тој напиша:
-Ниту еден ред, ниту еден збор за една од најжестоките и најконтроверзни битки во 2001-та. Битката за Арачиново. Битка во која загинаа четири македонски синови, битка во која беа ранети десетици македонски бранители. Битка која започна на вчерашен ден, 22 јуни 2001-та а заврши неколку дена дена подоцна откако припадниците на УЧК беа извлечени од Арачиново во климатизирани автобуси. Вториот ден од нападот, 23 јуни 2001-та, во борбата за Арачиново бев тешко ранет. Куршумот минувајки низ моите гради го искинал долниот лобус на мојот десен бел дроб, искршил две ребра и го напуштил моето тело оставајки злокобна дупка на мојот грб.
Со смртоносни рани, без третина од десниот бел дроб, со ребра заврзани со жица, осакатен, но сепак жив. За жал не преживеаја сите. Истиот ден, 23 јуни 2001-та, загинаа: Никола Пехчевски (25), Атанас Јанев (25) и Александар Стојчев (30) а Оливер Китановски (21) беше тешко ранет, почина неколку дена подоцна. Вечна ви слава, херои македонски., напиша Ангелов.