Американска воена база во Сирија беше цел на минофрлачки напад, објави иранската новинска агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори, пренесува index.hr.
Агенцијата наведува дека информирани извори рекле дека нападот е извршен врз американската база лоцирана во западниот дел од сириската покраина Хасака.
По нападот, според истите извори, на главниот влез во базата биле воведени зголемени безбедносни мерки.
Според изворите на арапската новинска агенција Ал Малома, инцидентот се случил утрово кога зградата била нападната со минофрлачка граната. Се наведува дека во моментов нема информации за тоа кој ја испукал или од каде дошла.
Се тврди дека по гранатирањето, американскиот контингент стациониран во базата бил ставен во состојба на висока готовност, биле подигнати неколку американски хеликоптери, а американските војници ја пребарале областа околу објектот.