Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) достави две официјални барања до Државниот студентски дом – Скопје, студентскиот дом „Пелагонија” и Министерството за образование и наука, во врска со унапредување на условите за престој и живот во студентските домови.
-Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и достоинствениот студентски живот, достави две официјални барања до надлежните институции за подобрување на состојбите во домовите. Со овие барања, УСС-УКИМ апелира до институциите за навремена и одговорна интервенција уште во текот на летниот период, со цел почетокот на академската година да го дочекаме со подобрени услови за живот и студирање, информираа од УСС-УКИМ.
„Овие интервенции се клучни за обезбедување на елементарни услови кои студентите ги заслужуваат. Ќе продолжиме гласно и одговорно да ги пренесуваме реалните потреби на студентите,” – истакна Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.