Кочанскиот вршител на должноста градоначалник, Венко Крстевски, одржа краток прес по инцидентот кој се случи во Советот на општина Кочани, во кој дојде до раб на физичка пресметка меѓу советници, по упатени навреди кон говорницата:
- Се соочуваме со опструкции од сите страни. Веќе трета недела немаме согласности од министерката за финансии за да ја отвориме детската градинка во која што ќе бидат сместени 115 деца и ќе нема листа за чекање. Младите брачни парови ќе го решат својот проблем со листата на чекање. Имаме опструкции од инспекторски служби што не си ја вршат својата работа во делот за угостителски објекти, каде што е нарушена безбедноста и на посетителите и на граѓаните. Денеска имаме опструкции и во Советот. Повторно не се гласа за меѓуопштинска соработка, гледам навреди, обиди за физички пресметки, нешто што е недозволиво. Јас како градоначалник тоа нема да го дозволам, ќе работам посветено во интерес на народот. Претходните два месеци сработено е можеби повеќе отколку во претходните три и пол години. На некого не му чини прогресот на ова место. Јас ќе се спротивставам на овие партиски игри и нема да дозволам да поминат. Во интерес на кочанчани ви ветувам дека во следниот период ќе работам уште по посветено, се со цел да ги запазиме законските стандарди и да успееме да исплива правдата на површина, изјави Крстевски.
Фото: Фејсбук профил на Венко Крстевски