Израелската војска соопшти дека нивните борбени авиони се уште вршат напади врз иранските воени и нуклеарни објекти откако Израел утринава започна бран напади врз цели во Иран.
- Нашите пилоти нападнаа и се уште напаѓаат воени цели и цели поврзани со нуклеарната програма во различни области во Иран, изјави портпаролот на војската, бригаден генерал Ефи Дефрин.