Партијата за движење на Турците (ТХП) смета дека треба да има посебна изборна единица за учество на избори на партиите на помалкубројните етнички заедници. Во таа посебна изборна единица, соопштуваат денеска оттаму, партиите на помалкубројните етнички заедници ќе се натпреваруваат меѓусебно.
- Со оваа посебна изборна единица при парламентарни избори во државава на која ќе биде овозможено да гласа гласачи од помалкубројните етнички заедници. Од оваа изборна единица ќе се избираат пратеници само тие што ќе го поминат прагот, односно под услов да биде освоен одреден минимум број на гласови, се вели во партиското соопштение.
Од партијата сметаат дека со ваквиот изборен модел, не само граѓаните од турската етничка заедница, туку сите помалкубројни етнички заедници ќе имаат зголемени шанси за парламентарно претставување, кое е особено важно за негување на мултикултурниот карактер на Република Северна Македонија.
Како Партија за движење на Турците (ТХП) изразиваат подготвеност да учествуваат во дебатите за промена во изборниот модел. Ја поддржуваат иницијативата за отворање широк дијалог околу измени на Изборниот законик.
Овој модел, сметаат, ќе овозможи правично и фер претставување на помалкубројните етнички заедници во Собранието на Република Северна Македонија.