На 25,26 и 27 јули во Дојран ќе се одржи Дојран Д – Фест 2025! Подготовките траат наголемо, веќе се пополнува листата на артисти кои ќе настапат. Концепциски се ќе биде исто, само се менува продукцијата и датумот.
ММС разговараше со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, кој рече дека фестивалот веќе е на мапата на настани за оваа туристичка сезона и дека во иднина ќе има промени во организацискиот дел, односно начинот на кој ќе се бира продукцијата која ќе го организира.
-Организаторот на „Д фестивал“ го пресели во друг град, но кажав дека домот на „Д фестивал“ е Дојран и така ќе остане. Најдовме друга продукција, веќе сме почнати со организација, ангажирани се околу 10 звучни имиња, но списокот од наши и странски изведувачи не е затворен. Очекуваме и едно звучно светско име. Фестивалот ќе се одржи на истата локација, со кампување, со повеќе бини, рече тој и објасни кои се причините што претходната продукција кој го организираше фестивалот се пресели во Штип.
-И покрај натегањето, кое е нормално кога се вклучени повеќе луѓе, нормално е да има некои недоразбирања и од двете страни, потпишавме соласност за да аплицираат во министерството за култура и на наш грб добија еден милон денари за фестивалот. Имаа дури објавено претпродажба на карти. Што навистина се случи не знам. Слушам разни шпекулации, но не сакам да зборувам за тоа, бидејќи не сум сигурен. Од наша страна се беше овозможено, она што го можевме. Струја за три дена плаќаме по скоро 500 илјади денари, местото, над 30.000 метри квадратни не го наплаќаме, тушеви, организација со комуналното претпријатие, се што можеме да овозможиме сме пружиле. Фестивалот беше традиција и се што можевме да завршиме сме завршиле, сме подмириле трошоци. Но, нивна е одлуката, тие си знаат најдобро. Можеби мислеа дека нема да обезбедиме друга продукција за да организира, но за нивна жал успевме и фестивалот си остана таму каде што припаѓам во својот дом, вели градоначалникот.
Според него овој фестивал е почнат во Дојран, направен е за Дојран и токму затоа и поднеле парање за заштита на името.
– Не зависиме од ниедна продукција. Понатаму фестивалот ќе се организира со конкурси и која продукција ќе понуди подобро услови ќе го организира. Оваа продукција од Струмциа ќе остане наредните пет години, бидејќи излегоа во пресрет, но моја препорака е во иднина на конкурси да се бира продукцијата. За да се знае, да имаат одговорност и Општината и продукцијата за да нема недоразбирања. Во моментот се води постапка за заштита на името. Ние поднесовме, а и тие почнале постапка. Без некој да добие согласност од наша страна не смее да го користи името Дојран. Дојран е наше место, наша одредница, наш фестивал. Процедурата за заштита на името трае, можеби ќе има и правна разрешница. Важно е што никој не ги избркал и нема што да бараат од Дојран кога се им било дадено. Навистина не ја знам причината зошто се одлучија на ваков чекор, но нека им е со среќа, рече Ангов.
За настап на фестивлот се уште се комплетир листата на учесници, но од она што веќе е познато се „Ареа“, „Фенг шуи“, Сенидах, Методи Христов, Мими Мерцедес… Градончалникот најави и учество на светска музичк ѕвезда, но неговото име засега не сакаше да го открие.