Полициските служби од Пробиштип во раните утрински часови го привеле 56-годишниот А.Р. од Скопје поради безобѕирно управување со моторно возило во населено место.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил на регионалниот пат Р-1205, во селото Пишица. Во 00:44 часот, полициските службеници го затекнале возачот како управува патничко возило марка „Фолксфаген“ со скопски регистарски ознаки со брзина од дури 101 километар на час. На тој дел од патот, кој се наоѓа во населено место, максимално дозволената брзина изнесува 40 км/час.
Возачот веднаш бил лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик, кој се однесува на „безобѕирно управување со моторно возило“.