Деми Ловато и Џордан Луц се запознале во 2022 година. Соработката на нејзиниот албум “Holy Fu*k” заврши во прекрасна љубовна приказна, а тој ѝ предложи брак во декември 2023 година.
Минатиот викенд, вљубените го кажаа своето судбоносно „да“ во Калифорнија.
Пејачката за својот голем ден избра креација од познатата модна дизајнерка Вивиен Вествуд, а за „Вог“ откри зошто ја носи венчаницата.
-Долго време сум обожавател на Вивиен Вествуд. Кога размислував каква венчаница сакам, често се враќав на нејзиниот дизајн, односно како силуетите ги надополнуваат облините, а ми се допаѓа и тоа што користи корсети“, изјави Деми Ловато.
Како што вели пејачката, особено ѝ се допаднал корсетот, а самиот дизајн бил делумно инспириран од фустаните од 18 век. Откако заврши со формалниот дел од свадбата, таа се пресоблече во фустан без прерамки со монистра, исто така дизајниран од Вивиен Вествуд.
Во 2021 година, Деми Ловато откри во документарната серија „Танцување со ѓаволот“ што ѝ се случило откако се предозирала во 2018 година.
„Доживеав три мозочни удари, имав срцев удар. Лекарите потоа рекоа дека ми остануваат уште пет до десет минути живот“, рекла таа во документарецот, пренесув супержена.рс.