Второто финале на АЕК против Алкалоид, во Скопје, за Европскиот куп на ЕХФ доцни веќе половина час, бидејќи грчките ракометари не излегоа за време на претставувањете на двата тима. Играчите на АЕК нема да истрчаат на терен се додека во сала не влезат нивните навивачи. Иако натпреварот требаше да започне во 21:30 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, некои автобуси со навивачи на АЕК пристигнаа, а некои не, бидејќи не им беше дозволено да ја преминат границата.
Грчките медиуми јавуваат дека поради оваа причина, раководството на АЕК, на состанок со Европската фудбалска асоцијација , јасно стави до знаење дека нема да се натпреварува во вечерашното финале против Алкалоид, освен ако на сите негови навивачи не им биде дозволено да ја преминат границата на Евзони и да дојдат во салата.
Се чини дека ова не се случило и затоа постои јасна наредба од раководството на „жолто-црните“ да не им се дозволува на играчите да излегуваат да се натпреваруваат.