Лажна е дојава за бомба во СЦ„ЈанеСандански“, каде концерт треба да одржи српкиот пејач Пеа Јовановиќ.
Дека бомбата е лажна потврди и МВР.
-Денеска (15.05.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба. Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани. Во 21.18 часот завршени се антитерористичките проверки при што утврдено е дека се работи за лажна дојава и концертот ќе продолжи, информират од МВР.
Публиката е веќе во сала и го чека пејачот да се појави на сцена.
