Младата мексиканска инфлуенсерка Валерија Маркез (23), позната по своите видеа за убавина и шминка, беше брутално убиена за време на пренос во живо на ТикТок, кој го гледаа повеќе од 200.000 луѓе.
Трагедијата се случила во вторник, во фризерскиот салон во градот Запопан, во државата Халиско, каде што работела Маркез. Непознат маж влегол во салонот и испукал неколку куршуми кон неа, соопшти државното обвинителство на Халиско. Досега никој не е уапсен, а случајот се истражува како фемицид – убиство на жена од омраза мотивирана од полот на жртвата.
За време на преносот во живо на ТикТок, Маркез седела на маса и држела плишана играчка. „Доаѓаат“, рече таа вознемирено, проследено со машки глас во позадина, „Еј, Вал?“ Таа одговори: „Да“, а потоа го исклучи звукот. Неколку секунди подоцна, се случи убиство. Камерата продолжи да снима додека непознато лице се приближи и го зеде телефонот – лицето на мажот беше накратко видено пред снимањето да престане.
🧵 HILO ACLARANDO TODO LO QUÉ PASÓ CON LA INFLUENCER VALERIA MÁRQUEZ. #ValeriaMarquez pic.twitter.com/kufZ3yTBnc
— 𝑨 (@exxxcitadd) May 15, 2025
Грозното видео кое го прикажува моментот на убиството набрзо се прошири на социјалните мрежи.
Еден ден претходно, Маркез им раскажала на своите следбеници – од кои има речиси 200.000 на „ТикТок“ и „Инстаграм“ – како непознато лице дошло во салонот додека таа била отсутна, оставајќи „скап подарок“. Таа изјави дека ова ја вознемирува и дека не планира да чека лицето повторно да се појави, ренесува нова.рс.