Изменет режим на сообраќај на автопатот во изградба Охрид-Кичево.
-СВР Охрид ја известува јавноста дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село-Ботун. Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид. Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата „Петња-Распаќе” кај Охрид, до селото Подмољје, ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга. Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци, се вели во соопштението.