Евровизија 2025 веќе е обележана со скандали. По пријавата на натпреварувачка дека добила закани со смрт, се случил хакерски напад.
Пред почетокот на првата полуфинална вечер на Евровизија 2025, беше одржана генерална проба, чии снимки беа видени на интернет по неколку часа, иако не смееше да се видат во јавност.
Хакери, за кои се сомнева дека се од Русија, успеаја да го пресретнат сателитскиот код и да ја емитуваат втората генерална проба, а снимката сè уште може да се најде на платформата ВК.
На средбата со медиумите, директорот на Евровизија, Мартин Грин, го коментираше овој случај.
-Мораме да емитуваме преку сателит до жирито во секоја земја. Технологијата варира помеѓу емитувачите и, за жал, ако некој навистина сака, може да го хакира емитувањето и да ја пушти снимката. Иако работиме напорно на зајакнување на безбедноста и имаме исклучително паметни луѓе во нашиот тим за сајбер безбедност, постојат и други исклучително паметни луѓе кои навистина го сакаат тој материјал и ќе најдат начин да го добијат“, рече Грин.
Израелскиот јавен радиодифузен сервис „Кан“, пак, денес поднесе жалба до полицијата во Базел поради наводни закани со смрт упатени кон претставникот на земјата, Јувал Рафаел, пренесуваат блиц.рс и дневник. хр.