Сашо Дуковски,адвокат на Васил Јованов, кој смрно ја прегази Фросина, а кој денес доби 12 години затвор, не е задоволен од пресудата. Тој смета дека е превисока.
По завршување пред новинарите рече:
-Бидејќи признавме вина очекувано беше осудителна пресуда. Но, пресуда во ваква висина не е во согласност со воспоставената судска пракса на тероторијата на Апелациониот суд во Скопје. И за ваква сообрќајка во 2019 година на истиот пешачки е завршена правосилно со 3.5 години. Сетете се напредметот во Велес, има еден прекршок повеќе од Васо, затоа што се даде во бегство. Правосилно заврши со осум години. Секако е трагичен настан, но не може од овој настан да се започнува со спроведување на нова казнена политика во Македонија. Само за тоа ми е приговорот. Сметам дека судот во доволна мера не го ценеше искреното каење на сторителот. Казната е превисока, рече адвокатот.