Мажот, кој вчера вечерта во кафуле во Штип пукаше и уби едно лице, а по кого се трагаше цела ноќ, е уапсен, потврдија од ОЈО.
-Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка, информираат од ОЈО.