Ново во радискиот етер – оваа сабота од 21 часот стартува Beats 4 life со DJ Erik-X8 на Канал 77– едночасовен DJ сет од нови и специјално избрани EDM траки.
А каква свежина ќе донесе Beats 4 life за публиката ни открива токму тој.
За каква емисија станува збор?
DJ Erik-X8: Како и самото име на емисијата Beats 4 life – музика за живот, односно музика за подобро здравје, подобро расположение и продолжување на животот.

Каков тип на музика ќе афирмира Beats 4 life?
DJ Erik-X8: Електронска Dance музика, составена од Electro и House ексклузивни изданија со урбана енергија, што ја носи „клубската сцена“ директно на твоето радио.
Што е поразлично од она што досега публиката можеше да го слушне?
DJ Erik-X8: Накратко журка на радио која е наменета за сите возрасти.
Како дојдовте до идеја за ваков тип на емисија?
DJ Erik-X8: Идејата за B4L доаѓа во 2010 како емисија (DJ Show) за електронска музика која 10 години се емитуваше на Универзитетското радио „УГД ФМ“. И еве тука сме.. Show must go on, нашиот народ мора да слуша квалитетна музика, со истата идеја, но на ново ниво – продолжуваме на Канал 77.

Во време кога турбо-фолкот има голема популарност, колку македонската публика ја почитува и електронската?
DJ Erik-X8: Има публика, но не и доволно клубови кои поддржуваат електронска музика – за жал поголемиот дел од дискотеките работат како кафани до раните утрински часови. А од друга страна има и многу изведувачи и артисти кои ја злоупотребуваат музиката за промоција на нивниот неквалитет и ниски вредности. Но тука живееме и мора да ги исправиме искривените вредности. Радиото може да биде тој простор за здив.

Ги покануваме сите кои сакаат да уживаат во добриот звук, нека се приклучат на ова автентично музичко патување. Секоја сабота од 21:00 промовираме и пуштаме квалитетна електронска музика на Канал 77. Слушајте на radio.kanal77.mk или на радио на нашите 35 фреквенции низ Македонија.
Фото: Марк Гоневски