Штип годинава ќе биде домаќин и на уште еден од најпознатите музички фестивали во земјава „Тhe Festival“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека во наредните денови се очекува официјално објавување на фестивалската програма. Градот очекува наплив на гости, а со тоа и зголемен туристички и економски придонес. Организаторите најавуваат богата програма и бројни изведувачи, а Штип се подготвува да ги пречека љубителите на музиката од целата држава и пошироко.
-Oна кое што е новост, оваа година за Штип е „Тhe Festival“.Очекувам во деновиве кои што следат да биде објавена програмата за„Тhe Festival. Тоа е еден новитет, кој што за нас како град ни е како битно, да бидеме домаќини на илјадници посетители кои што оваа година ќе присуствуваат како гости на фестивалот. За сите подетални информации, јавноста ќе биде подетално информирана, изјави Јорданов.
Тој најави и богата програма во рамки на Штипското културно лето, како и повеќе музички настани.
-Во неделите кои што ќе следуваат ќе ја објавиме и програмата на Штипско културно лето, доста богата, која што верувам дека ќе го сврте вниманието на штипската јавност. Во месеците ќе има и концерти, изложби, театарски претстави, програма за деца. Дополнително Дом на млад и Домот на културата ќе имаат своја програма за месеци кои што ќе следат. Најавени се доста музички настани. Како локална самоуправа секогаш даваме поддршка на вакви манифестации, рече Јорданов.