Во тешка сообраќајна несреќа која се случи денеска попладнево на регионалниот пат Дебар – Струга, загина мотоцкилист од Кичево, соопштија од МВР.
Сообраќајката се случила на 10 километри од Дебар.
-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу моторно возило „пежо 406“ со скопски регистираски ознаки управувано од Б.Г. од Скопје, и мотоцикл „дукати“, со кичевски регистарски ознаки управуван од Б.Р. од Кичево. Итна медицинска помош констатирала смрт кај возачот на мотоциклот. Во несреќаа со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото пежо, соопшти Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.