Во притвор е А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години”. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против него и одреден му е притвор во траење од 30 дена.
-Пријавениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка од Кичево. По насоки на јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода, а со малолетничката, по извршен медицински преглед, извршен е разговор во присуство на член на нејзиното семејство, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, соопшти СВР Охрид.
А.А. е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Битола”, каде е во 30-дневен притвор.