Општина Штип ги започна градежните активности за изградба на конзола на коритото на река Отиња, на потегот од т.н. Влашки мост до Градскиот трговски центар. Проектот вреди 6 милиони денари и е финансиран од општинскиот буџет:
- Работните активности се во насока на изградба на нови конзоли со цел проширување на улицата Маршал Тито во централното градско подрачје. Оваа улица има потреба да биде проширена. Оваа делница е во вкупен износ од шест милиони денари, но ќе се работи фазно. Во првата фаза се издвоени три милиони денари за конзолите. Ќе се овозможат повеќе паркинг места, оти ќе се овозможи косо паркирање на возилата. Улицата ќе остане еднонсочна“ – вели Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип.
