Министерството за спорт пред два дена објавило оглас за вработување на позицијата „Помлад референт за скенирање на документи при Одделението за општи работи, Сектор за правни и општи работи“.
Ваквиот оглас наиде на хумор на социјалните мрежи каде граѓаните коментираат дека пред избори се измислуваат позиции за луѓе преку партија да добијат вработување.
Станува збор за работно време од понеделник до петок со работно време од 08:30 до 16:30 и плата од 27.012 денари, нешто над новиот минималец кој изнесува 24.379 денари
