Денеска се одржува погребот на папата Франциск во Ватикан, па токму по тој повод, се разговара за неговиот придонес и во емисијата Стадион.
Еден од гостите во денешната емисија беше и Звонимир Јанкулоски, професор и поранешен амбасадор во Ватикан кој зборуваше за придонесот на папата и неговиот интерес за Македонија.
„Папата Франциск ми остави впечаток како непосреден, како духовен папа кој знаеше да слуша и кој сериозно беше заинтересиран за приказните кои доаѓаат од Македонија и за Македонија, така што и неговото доаѓање во државата не беше ниту случајно, ниту продукт на незнаење или на некоја политика, туку напуштање на оној евроцентризам кој претходните пати го имаше во поглед на европските прашања вклучувајќи го и прашањето за Македонија низ призмата на европските држави“, рече Јанкулоски.
Следете ја емисијата на Стадион на линкот: