Министерството за внатрешни работи информираше дека е пријавена кражба од домот на Фатмир Битиќи, поранешен пратеник и екс-претседател на СДСМ. Според официјалното соопштение, пријавата стигнала вчера претпладне.
Кражбата, според она што го пријавил Битиќи, се случила во периодот од 18 до 21 април. Непознати сторители насилно влегле во објектот со употреба на алат и сила. Освен сефот со пари, биле одземени и други вредни предмети.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Кратка изјава за инцидентот даде и самиот Битиќи за ORA24.TV, каде ја потврди кражбата:
„Да… Не би зборувал за детали“, изјави кусо Битиќи.