Џенифер Лопез додека се шетала низ улиците на Њујорк, каде што обично живее, била запрена од тиктокер кој очигледно не знаел со кого има работа или можеби знаел, но правел експеримент, односно скриена камера.
На видеото може да се слушне како ја запира и прашува како се вика и што прави, додека пејачката прашално го гледа и малку изненаден зошто ја прашува тоа.
Сепак, големата ѕвезда остана на висината на задачата и реши да го продолжи разговорот со него. Таа се обиде да остане мистериозна, велејќи само „Се викам Џенифер“, рече Џенифер Лопез, веројатно надевајќи се дека тоа ќе му биде доволно – но не беше.
Во тој момент фановите минуваа покрај неа барајќи од неа селфи, фрлајќи ѝ работи и јасно покажувајќи дека ја познаваат, но тиктокерот сепак беше фокусиран на интервјуто, без никакво препознавање:
@hikhann_ What do you do for a living? #foryoupage #whatdoyoudoforaliving #viralvideo #clout #foryourepage #viral #fyp #foryou #tiktok ♬ original sound – Khan
Виралното видео стана популарно на мрежите за многу кратко време и беше прегледано повеќе од 7 милиони пати за 24 часа, а корисниците на мрежата ја искористија можноста да се насмеат.
Иако Лопез постојано се обидуваше индиректно да му навести на момчето која е, тој немаше поим или едноставно се правеше „луд“, сепак, сигурно е дека стана популарен дури после ова, заедно со видеото, пренесува телеграф.рс.