Претпладнето на Воено Медицинската Академија во Белград, почина 24-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани. Информацијата ја потврди Министерството за здравство.
-Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец, соопшти МЗ.
Стојанче имал 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. Тој на ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.
Стојанче Стоилов е 62-рата жртва на пожарот во Кочани.