Косата не е само дел од нашиот изглед туку е дел од нашиот идентитет. Таа ја носи приказната на секојдневието, реагира на стресот, времето, начинот на живот. Понекогаш е сјајна и полна со живот, понекогаш сува и изморена. Но едно е сигурно дека со правилна нега, секоја коса може да изгледа и да се чувствува подобро.
Во рамките на иницијативата што го покажува индивидуалниот пристап кон убавината, започнува и вистинската нега на косата. Не се работи само за изборот на производи туку и за можноста да се разбере што ѝ треба на косата за да биде здрава, цврста и негувана.
Не постои еден универзален третман што одговара на сите. Косата на секој човек има свој ритам и свои потреби: од хидратација и заштита, до зајакнување и обнова. Токму затоа фокусот е на едукација и персонализирани совети. Стручњаците за нега на коса и професионалните фризери имаат можност да им објаснат на луѓето кои состојки навистина ѝ се потребни на косата и како да се избегнат најчестите грешки во грижата за косата.
Според нив, убавата коса не е прашање на генетика или скапи третмани, тоа е резултат на грижа и правилен избор на производи што се во согласност со природните потреби. Тие препорачуваат шампони и балсами, до специјални масла и серуми, од dm дрогериите како квалитетни опции за различни типови коса, без агресивни формули и без краткорочни решенија.
„Косата не е само украс, туку е одраз на начинот на кој се грижиме за себе. Прекумерното стилизирање, агресивните третмани и неправилната нега можат да ја ослабнат. Секој тип коса има свои потреби и не постои еден совршен производ што ќе одговара на сите. Најголемата грешка што ја гледам кај клиентите е што вложуваат во многу производи, но не и во основната нега. Сјајната, цврста и здрава коса почнува од шампонот, балсамот и правилната хидратација. Косата не може да изгледа добро ако не е навистина негувана“ – вели Билјана Ангеловски, стилист во Студио Адикт
Веб-страницата dm.mk исто така е добро место за добивање корисни информации, совети, трикови и вистински искуства кои може да ни помогнат како негата на косата да стане дел од секојдневната рутина.
Во време кога брзите промени стануваат секојдневие, негата на косата е потсетник дека грижата за себе е долгорочна инвестиција. Оваа иницијатива не промовира совршенство туку реална, здрава и природна убавина но и грижа за она што веќе го имаме.