Џеф Безос, основачот на Амазон и Блу Ориџин, паднал додека трчал да се сретне со својата свршеница Лорен Санчез и целата женска екипа по нивното враќање на Земјата.
Директниот пренос од историското лансирање го сними моментот кога 61-годишниот Безос падна додека трчаше околу прозорецот на капсулата во која се наоѓаше неговата свршеница.
Безос ја сретнал Санчез на вратата од капсулата, која ја отворил по 11-минутен лет.
„Не можам да го опишам со зборови. Ја видовме Месечината“, рече Санчез со солзи во очите и додаде: „Земјата изгледаше толку мирно… Мислам дека не можм да ја опишам“.
@nypost Jeff Bezos face-planted onto the Texas desert as he greeted Lauren Sanchez. 🫣
♬ original sound – New York Post | News
Да потсетиме, компанијата Блуе Оригин денеска ја лансираше во вселената ракетата „Њу Шепард“ со шест жени. Ова е првиот целосно женски екипаж кој полета во вселената.
Пејачката Кети Пери, новинарката Гејл Кинг, Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, филмскиот продуцент Каријан Флин, поранешната ракетна научничка на НАСА Ајша Боу и активистката Аманда Нгујен полетаа во вселената.
По слетувањето имаше реакции од сите членови на екипажот кои не можеа да го сокријат својот ентузијазам.