Семејството на тргично загинатата Тедора Ристовска(22) од Тетово јавно се заблагодари на целата јавност, медиумите, и премиерот. Благодарноста е за поддршката и реакцијата на срамната одлуката на судијата Евљедин Ферати, кој сам си ги поправал оценките за просек, а кој досуди само две години затвор за Пајазити, кој во 2022 година смртно ја прегази Теодора….
-Искрено се надеваме дека Судскиот совет ќе изреагира адекватно во врска со скандалозната и срамна одлука на судијата од Тетово, Ељведин Ферати и имаме сомнеж како семејство дека позади оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. Ние силно и натаму ќе се бориме за правда за Теодора. Исто така јавно сакаме да прашаме зошто иницијативи како “Кој е следен” немаат покажано никаков интерес за нашиот случај, а само наводно се борат против трулиот и корумпиран систем… Ги немаше ниту на последното рочиште кога се изрече скандалозната одлука од само 2 години затвор за убиецот на сестра ми Теодора, велат од семејството и додаваат:
-Сметаме дека е доста од лажни иницијативи со скриени агенди каде жртвите се само средство за постигнување на туги цели и до толку повеќе уште еднаш јавно се заблагодаруваме на јасната и искрена поддршка на Премиерот Мицкоски… Која очигледно дека и веднаш почна да дава резултати … Се надеваме дека будно ќе продолжите да го следите судскиот процес за нашата Теодора, велат од семејството.
Од движењето „Кој е следен?“ најавуваат протест за утре. Маршот ќе почне од пред Влада, преку Судски совет, Собрание, за на крај да заврши пред Кривичен.