СВР Штип информира за грабнување на малолетничка.
-На 08.04.2025 во 24.00 часот во СВР Штип, М.М.(35) од Штип пријавила дека околу 23.30 часот од ул.„Черења“ во Штип, Ф.М. од Богданци, поранешен партнер на нејзината малолетна ќерка, со употреба на сила ја внел малолетничката во возило „ауди“ и заминале во непознат правец. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.