Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје ги поздравија медицинските работници. Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт”, „Секој еден, може да е следен”…

Протестниот марш треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.

Со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани, почна вечерашниот марш што го организира граѓанското движење „Кој е следен?“. Учесниците се собраа на плоштадот „Македонија“ од каде, преку „Триумфалната капија“, се упатија кон Собранито.
Тие скандираа “Доста беше смрт”, “Секој еден, може да е следен”, “Правда за жртвите” и “Доста бевме ние, системот е следен”.

Може да се видат и транспаренти на кои пишува “колку мито треба за да ги вратиме жртвите”, “нема тишина, само правдина”.

„Koj е следен?” во најавата за маршот напоменува дека е исклучиво против секаков вид насилство и провокации, а воедно се оградува и од каков било повик, скандиранье (говор на омраза) или однесуванье кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир.

-Забранети се партиски обележја зашто протестот е граѓанска иницијатова и не смее да се партизира. Учесниците да ги почитуваат инструкциите на редарите, да избегнуваат секаков вид провокации, да не носат остри предмети, оружје, пиротехника и да не фрлаат отпад, наведуваат од „Koj е следен?”.

Додаваат и дека е забрането уништување на јавен и приватен имот.
МИА
Фото: Вангел Тануровски

