Вкупно 51 пациент, главно се изгореници, се пренесени на лекување во Србија, Бугарија, Грција, Турција, Унгарија и Литванија, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари. Дополнителен број на пациенти денеска и утре ќе се пренесуваат во Хрватска, Австрија и Србија. Во скопските болници се лекуваат 84 пациенти и сите се во релативно стабилна состојба.
На прашањето зошто не работи Центарот за изгореници, кој е затворен со години, Таравари вели дека и да имаме, тој би бил со капацитет меѓу 4 и 6 места – боксови, кои даваат стерилни услови, неопходни за третман на изгореници. Така е, рече Таравари и во останатите држави, кои помагаат со сместување со по неколку места.
-И да одите во погoлемите држави, Центри за изгореници нема и ако има сите прифаќаат по неколку. Нам ни се случува шок со изгореници на 130 лица кои треба да се третираат и нормално дека нема капацитет добро да се третираат. Имаме услови за третирање, но за да биде третманот како како што треба, затоа ги делиме во повеќе држави. Затоа во Виена прифаќаат 6, Србија повеќе, Бугарија 13…Инаку можевме во 3-4 соседни земји да ги пуштиме, изјави Таравари.
Третманот на пациeнти со изгореници го објасни Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, кој рече дека интенивната и хирушка фаза е завршена, но сега доаѓа трета фаза, на опасност од инфекции, поради што е потребно обезбедување на боксеви со стерилни услови.
-Сега доаѓа третата, инфективната фаза и тие пацинети мора да бидат третирани во боксови во стерлни услови. Дел од болниците ги немаат тие услови и затоа ги повлековме во Скопје, а да се совлада тој наплив, ги испративме дел од пацинетите во странство, рече Клековски.
Министерот Таравари рече дека кај потешките пацинети со втор и трет степен на изгореници има веќе компликации кои се јавуваат дека се тоа можеби најкомплиицираните случаи, постои ризик за инфекција. Со цел да се избегнат компликациите и да се третираат подобро, овие пацинети се прифаќаат во странство.
Бидејќи може некои од присустните да имаат и вдишувачки опектини или да имаат здравствени последици отпосле, Таравари и Клековски повикаа овие граѓани да се пријават кај матичниот лекар.
-Сега доаѓа третата, инфективната фаза и тие пациeнти мора да бидат третирани во боксови во стерлни услови. Дел од болниците ги немаат тие услови и затоа ги повлековме во Скопје, а да се совлада тој наплив, ги испративме дел од пациентите во странство, рече Клековски.
Министерот Таравари рече дека кај потешките пацинети со втор и трет степен на изгореници има веќе компликации кои се јавуваат дека се тоа можеби најкомплиицираните случаи, постои ризик за инфекција. Со цел да се избегнат компликациите и да се третираат подобро, овие пацинети се прифаќаат во странство.
Бидејќи може некои од присустните да имаат и вдишувачки опектини или да имаат здравствени последици отпосле, Таравари и Клековски повикаа овие граѓани да се пријават кај матичниот лекар.
В.К.
фото: Freepik