Според последните информации кои ги преснесе сестрата на Владимир Блажев, попознат како Панчо – еден од двајцата членови на дуото ДНК, тој во моментов се наоѓа на една од клиниките во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Таа во изјва за ТВ Канал 5 рече дека има само малку информации кои и ги пренела сопругата на нејзиниот брат, и засега немала можност да го види. Колку што и самата знае, Панчо имал изгореници на лицето и раката, но не знае во колкав обем и од кој степен и вдишал чад при пожарот, па се наоѓа и на кислородна поддршка.
Сестрата на Панчо, Јадранка Николовска и за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдила дека тој има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка.
-Засега знам дека е вон животна опасност, има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка и е во Клиничкиот центар во Скопје. Уште не знам каде е и како е Андреј и останатите членови на бендот. Немам сила да зборувам повеќе“, ни рече Николовска.