Членовите на Судскиот совет, кои ДУИ ги брани како свои љубимци, со изгласаната интерпелација против нив се само мрачно минато, оставени да се жалат на своите дела! Но, последиците од нивните постапки ги трпат Албанците! Ниту еден Албанец не е именуван во Кривичниот суд во Скопје!
Тие исти за кои ДУИ плаче, ја држеа правдата во заложништво, именуваа партиски кадри и молчеа додека Албанците беа исклучувани под злокобниот принцип: „Со еден обвинител помалку Албанец, не се оди во рајот”, велат од ВЛЕН.
-Судскиот совет и целата таа група, која сѐ уште е на своите позиции, ја уништија довербата во правосудството, сведувајќи ја на само 2 проценти! Селим Адеми – инволвиран во скандалот „Таргет-Тврдина”. Неговиот близок соработник, Енвер Беџети, го спаси Сашо Мијалков и заврши на црната листа на САД заедно со Артан Груби! Денес Мијалков се вози со „ферари“ во Монте Карло, додека Албанците чекаат правда, се вели во соопштението од ВЛЕН, во кое понатаму се додава:
-Од друга страна, МВР разоткри огромен криминал на кланот на Али Ахмети! Во сојуз со луѓето на Груевски и Мијалков, испумпаа 10 милијарди денари преку нафтената мафија! Мазут и токсично масло се внесуваа на пазарот, труејќи ги граѓаните, додека валканите пари се делеа меѓу нив! И сега, кога им се заканува крајот, измислуваат политичка криза и повикуваат на бојкот! Но, кој навистина стои зад овој план? Груевски и Мијалков – старите сојузници на ДУИ? Сето ова викање за „деалбанизација” е само чадна завеса! Затоа што тие не ги бранат Албанците, туку ја спасуваат својата глава од правдата која чука на врата, реагираат од ВЛЕН
ДУИ те убивa ноќе, а дење плаче, велат од ВЛЕН
