Врховниот суд на Куба соопшти дека 553 затвореници биле ослободени во земјата како дел од договорот постигнат со посредство на Ватикан, кој беше загрозен откако американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли ветувањето на неговиот претходник Џо Бајден за олеснување на санкциите кон островската држава.
Бајден во јануари се согласи да ја отстрани Куба од листата државни спонзори на тероризмот во замена за ослободување затвореници со посредство на Римокатоличката црква.
По преземањето на функцијата, Трамп го анулира договорот на Бајден, оставајќи ја Куба на црната листа и воведе нови санкции кон земјата, што ги принуди кубанските власти привремено да го запрат ослободувањето на затвореници.
Сепак, кубанските државни медиуми објавија дека правосудните органи на островот го потврдиле „предвременото ослободување“ на 553 затвореници.
„Врховниот народен суд на Куба потврди дека овие 553 затвореници сега се ослободени и дека процесот е завршен“, се вели во соопштението.
Според групи за човекови права, некои од ослободените најверојатно е дека се криминалци.
Администрацијата на Бајден првично рече дека Куба ќе ги ослободи „политичките затвореници“ како дел од поширок договор.
Сепак, кубанските власти не соопштуваат детали, што укажува дека постепено ќе ослободуваат „553 лица осудени за разни кривични дела“.
СAД, ЕУ, Римокатоличката црква и организациите за човекови права долго време ја повикаа Куба да ги ослободи стотиците демонстранти приведени по антивладините протести на 11 јули 2021 година.