ЕБУ одлучи дека претставничката на Малта за Евровизија, Миријана Конте, мора да смени дел од текстот на нејзината песна.
Една недела пред официјалното испраќање на песната на Малта на Евровизија, ЕБУ побара од членот на Малта да го отстрани зборот „кант“ од песната.
Тој збор во песната е на малтешки, додека целата песна е мешавина од малтешки и англиски.
Кант значи пеење на малтешки, но на англиски има вулгарна конотација и затоа ЕБУ ја донесе оваа одлука. Не е прв пат ЕБУ да бара од една земја да го смени текстот на песната, но можеби е првпат критичкиот збор да биде збор што има сосема пристојно и ненавредливо значење на оригиналниот јазик, додека тоа го нема на англиски.
Извор: Б92