Три часа траеше главното дефиле на Струмичкиот карневал, кој собра публика од разни краеви од државата и странство.
Интересни костими, различни креации и силни пораки за единство, љубов, позитивна енергија, квалитетни рачно изработените маски и македонско гостопримство .

Годинава во Струмица продефилираа вкупно 35 карневалски групи од земјава и странство кои ги воодушевија илјадниците посетители.
Вчера вечерта во Струмица можеше да се видат маски од Египет до кинеската митологија, но се заигра македонско оро, шпански танци, потоа свиреа Шкотите, а се уживаше на румба, салса и што ли уште не.
Како сето та изгледаше погледнете низ галеријата на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски:




















