Александар Трајановски, заменик-градоначалник на Град Скопје си поднел оставка. во своето образложение, меѓу другото, тој рече дека не можел да го гледа веќе мобингот на вработените, како тоа дека не сака веќе да се чувствува како да е „градоначалник на ДУИ н Општиина Сарај“.
На својот Фејсбук профил тој напиша деа „Како човек кој 8 години е дел од Советот на Град Скопје ми беше чест да прифатам да бидам заменик градоначалник на Град Скопје. Од првиот ден па се до денес се трудев да го споделам моето долгогодишно искуство, идеи и знаење за подобрување и унапредување на овој град и животот на граѓаните во него“.
-Според обврските и овластувањата кои ни ги дозволува деловникот за работа на Советот на Град Скопје, се обидував постојано да предлагам конструктивни решенија. За жал со горчина и разочарување можам само да споделам дека ниту еден мој предлог не бил прифатен ниту реализиран. Деловникот за работа ниту еднаш не го прекршив, а посочував и се борев кога други колеги го правеа тоа свесно или несвесно. Да ми кажеше некој тогаш дека сево ова го правам за да со град Скопје и јавните претпријатија раководи и владее екипа од Сарај и ДУИ уште веднаш ќе одбиев. Кога се нафатив да бидам заменик градоначалник тогаш градоначалничката наводно беше во битка со партизираните претпријатија. Косана Мазнева која тогаш беше директор на Комунална Хигена влезе во пресметка со екипа која ги тероризираше вработените во претпријатието и ги користеа ресурсите и капацитетите на претпријатието како да е нивна своина. За прв пат директор на јавно претпријатие се осмели да се соочи со овие структури.
Косана Мазнева против таа банда херојски се избори и ја отстрани од Комунална Хигиена. За таа победа Косана Мазнева беше наградена со отказ, а денес градоначалничката на Град Скопје токму од таа екипа назначува директори, напиша тој и додаде:
-Од кал да е, од Сарај да е, директор ќе биде. Во изминатава година Град Скопје со сите свои ресурси и капацитети работи на проекти исклучиво во Сарај, како да не постојат останатите општини во Скопје.
Јас не прифаќам да бидам заменик градоначалник само на Сарај, не прифаќам ниту градот да удоволува само на потребите на екипата од Сарај. Заради секојдневното малтретирање на граѓани, инвеститори, стопанственици, луѓе кои го полнат буџетот на градот и општините, како и поради постојаниот мобинг, изживување и репресирање на вработените во град скопје и јавните претпријатија си поднесувам неотповиклива оставка како Заменик градоначалник, напиша Трајановски и ги објани причините:
.Веројатно ќе прашате зашто порано не го сторив ова? Се обидував до максимум да посредувам, да го ублажам гневот, да се надминат недоразбирањата, инаетот меѓу градоначалничката, советничките групи, јавните претпријатија, претставници од стопанството и бизнис заедницата, изведувачи на проекти, вработените како и многу граѓани кои залудно бараа помош и решенија на своите проблеми сите овие месеци. Очигледно не успеав ни јас ниту никој да се справи со ова чудо од карактер и начин на дејствување. Очигледно, општина Сарај нејзиното раководство и ДУИ ја имаат формулата за добра соработка, формула која јас и никој друг во оваа држава ја немавме, рече тој.