Легендарниот актер Џин Хекман е пронајден мртов во неговиот дом во Ново Мексико заедно со сопругата Бетси Аракава и нивното куче, соопшти полицијата во Санта Фе.
„Сè што можам да кажам е дека сме во средина на прелиминарна истрага за смртта и чекаме да биде одобрена наредбата за претрес“, изјави Адан Мендоза, шериф на округот Санта Фе, додавајќи дека причината за смртта се уште не е утврдена, пишува Тhe Sun.
Хекмен беше најпознат по улогата на Бак Бароу во филмот „Бони и Клајд“. Тој исто така играше агент во филмот „Мисисипи гори“ од 1998 година, а исто така го играше Лекс Лутор во филмовите „Супермен“ од 1970-тите и 1980-тите.