Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР во координација со јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје.
Подетални информации МВР нјавува во текот на денот.
И од обвинителството во кусата информација најавија повеќе детали во текот на денот.
-Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот, велат од ОЈО.
Според неофицијални информации на ТВ21, се работи за поранешни и сегашни вработени во затворите кои работеле незаконски и биле организирана криминална мрежа.
Неофицијално, меѓу осомничените е и поранешниот директор на затворот Скопје во Шутка, Филип Андонов Сокол и неговиот заповедник.