Скијач од Чешка вчера попладнето спасен од падините на Шар Планина откако претходно негов пријател исто така од Чешка пријавил дека додека скијале заедно се повредил и дека им е потребна помош.
Од ЦУК информираат дека горската спасителна служба на Попова Шапка брзо ги добила координатите за локацијата на повредениот планинар и со ратрак го извлекле повредениот скијач од повисокиот дел на Шара и го пренеле до центарот Попова Шапка.
Тука веќе го чекало амбулантно возило со кое повредениот пред стемнување бил пренесен во Клиничката болница во Тетово.