Австралиската двојка Мичел Ринг и Џенифер Колин рекле дека морале да седат покрај почината жена неколку часа за време на летот со Катар ервејс, објави британски Мирор.
Двојката била на лет од Мелбурн за Венеција кога патничката ненадејно паднала во преминот откако отишла во тоалет, пренесува Б92.
Иако персоналот се обидел да ја оживее, жената не можела да се спаси.
Забележувајќи празно седиште до двојката, екипажот ги замолил Ринг и Колин да се потргнат за да направат место за починатата жена.
Се обиделе да ја преместат жената на друго седиште, но поради нејзината градба не можеле да ја преместат низ тесниот премин.
На крајот, телото на починатата жена било ставено до Ринг, покриено со ќебиња и така останало до Доха.
Кога пристигнале во Доха, парот сепак морал да остане со починатата жена додека властите и медицинскиот персонал ја истражувале ситуацијата.
Мичел рече дека екипажот почнал да го открива телото на жената и да врши преглед додека седеле до неа.
Катар ервејс соопшти дека го истражува инцидентот.