„Ако собереме пари ќе биде убаво, Петар ќе застане на нозе. Мене ми е срам, да бидам искрена, што повторно барам пари ама нема што да правам. Мора да се борам. Важно е да го оправам детето. Секоја мајка би постапила како мене. Живеам за денот Петар да застане на нозе“.
Ова го вели Гордана Попоска од Охрид, борбената мајка на Петар, која со помош на донации досега успеа да го однесе во Турција на операција. Петар, како што вели оваа мајка, бил сосема искривен, но со помош на донациите направени се две опрации во Истанбул, благодрејќи на кои сега веќе седи. Останувааат уште две операции после што Петар ќе се исправи на нозе. Оваа мајка со својата борбеност успеа од вегетација Петар да го исправи и сега уште малку недостасува за да та си го види своето чедо на нозе.
Животната приказна на Петар досега се раскажувала, многу хумани луѓе пружија рака. ММС досега два пати пишуваше за неговата состојба и ги повикуваше хуманите луѓе, а така е и овој пат, кога речиси се гледа крајот на неговите маки и операциите.
За потсетување Петар боледува од Tyrosine Hydroxylase deficit, тоа е ензим што му недостига во мозокот и сколиоза. Овој ензим нормално сам се обновува, но кај Петар не може, бидејќи има генетско пореметување и мора со додавање на лек. Ама бидејќи болеста, како што вели мајка Гордана, ја откриле дури кога имал 12 години и како последица на неа има сколиоза и контрактури на стапалата
-Ние забележвме дека нешто не е во ред на три месеци, но дури на 12 години му е откриена болеста, многу доцна и затоа има толку последици. Ако се откриеше болеста навреме немаше да има никакви проблеми, ќе си го пиеше лекот и се ќе беше во ред. Но, ете не ги откриваат ретките болести на време. Дали не знаат, дали лекарите не се толку заинтересирани, не знам што да кажам. Знам само дека морам да се борам до крај за да го застанам Петар на нозе, вели оваа самохрана мајка.
Петар ќе може да застане на нозе дури откако ќе му се направат две операции во Турција. На едната нога ќе се оперир во мај, додека по три месеци го чека операција на другата нога.
-На двете ноџиња Петар има деформитет и болки, не може да застане. А треба да стане да вежба за да му се обноват мускулите. Мислев дека одеднаш ќе му се направи операција на двете нозе, но лекарот ми рече дека мора посебно, на едната нога, па по три месеци на другата. Операцијата трае долго, а заради неговата ретка болест не смее толку време да биде под анестезија. Треба во мај да одиме, бидејќи чекавме да помине една година од последната операција, тогаш правеше две долги операции и мора да се направи пауза. Кога ќе се направат операциите на нозете потоа следува роботска терапија и физикална, вели Гордана и додава:
-По овие оперциии Петар ќе застане на нозе, бидејќи од сколиозата тој 100 проценти беше искривен. Сега е исправен, убаво диши, а претходно не можеше ниту да диши, белите дробови му беа стиснати, сите органи му беа изместени. Сега диши убаво и седи на фотељата. Ама од болеста има деформитети на зглобовите, вели таа.
Гордана оваа борба ја води 23 години, колку што има Петар. Таа се надева дека ова ќе биде последно барање за донација.
-Многу тешко. Цели 23 години се мачиме и уште се борам да го застанам на нозе. Уште не може да зборува иако е многу паметен и се знае и разбира. Од лани почна да кажува некои зборови. И тоа е се затоа што му се оштетени некои функции што не го пиел лекот, многу доцна се откри болеста. Потребни се околу 60.000 евра за оперција на двете нозе. Се надевам дека нема да треба повеќе ниту да лежиме во болница, ниту да собираме пари. Велат дека оштетените клетки можеле да се повратат со роботска терапија. Но, прво да ги направиме операциите на нозете, да застане на нозе, па ќе го учиме сам да се движи. Во кичмата има 32 штрафчиња и шипки и внимаваме на него, треба ништо да не прави од шест месеци до една година. Досега од се што му направија на Петар во Турција сум презадоволна. И за ретката болест и сколиозата, многу постигнаа, вели Гордана полна со надеж повикаувајќи ги добрите и хуманите луѓе да и помогнат во борбата за спас на Петар.
Како можете да донирате за Петар:
Број на Трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска HALKBANK IBAN:MK07270700082176215 SWIFT:EXPCMK22 Броеви за донации: А1 / 143- 470
T-моб / 143-173 Линк за странство е : https://gofund.me/fb7d2132