Струмица ставена на гиљотина од страна на централната власт и систематско осиромашување на од страна на централната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, реагира градоначалникот Костадин Костадинов во јавно писмо упатено до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Во дел од писмото Костадинов пишува: „Вие можете да не ме сакате, да сакате да ме победите на избори, да сакате да ја освоите Струмица, но немате никакво право да ја ставате Струмица на гилотиња!“
Во писмото што го пренесуваме, Костадинов вели дека нема никаква комуникација со министерката, укажувајќи на кршењето на законот од страна на централната власт во односот со Општината Струмица и нејзините институции.
Костадинов до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска:
„1.Ве молам, имаме право на поврат на ДДВ во новото јавно претпријатие Струмица Транспорт прво на балканот со целосно електрифициран јавен превоз, во износ од 69.000.000 денари, средства кои се неопходни за нормално функционирање на претпријатието.
Кажете ни кога може да ги очекуваме средствата кои нам ни следуваат по закон?
2.Дотацијата од ДДВ за општините согласно законот за финансирање на ЕЛС е 6% но неколку месеци поприлично во помал износ ни стигнуваат дотациите, зошто?
3.Струмица е прва гасифицирана општина во Македонија со 43 километри секундарна мрежа, Согласно Законот донесовме одлука за задолжување на ЈП СТРУМИЦА ГАС трета година по ред за обртни средства а се со крајна цел, резервирање количини и поволна цена на природен ГАС за потребите на Болницата, Градинките, Училиштата и други јавни установи, приватни компании, домаќинства….
Таа одлука вие не ја испочитувавте и веќе цената на гасот е отидена до плафон! Кажете ни зошто?
4.Дотациите за градинките и за основните и средни училишта ни се намалени, и таквите воспитно-образовни институции намерно или ненамерно ги оставаме да тонат во проблеми.
Почитувана Министерке,
Струмица не е само СДСМ имаме и гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, ЗНАМ имаме и неопределени, треба да знаете и ним сте им влада. Ние сме составен дел на Македонија, ние плаќаме даноци и како народ и од градот и од струмичките преубави села си ги реализираме обврските кон државата така како што си е редот.
Ова го пишувам со најдобра намера, за да поттикнам надминување на многу отворени прашања кои создаваат тешкотии во нашето работење. Сите ние ја имаме честа исклучиво да служиме, затоа сме служба на граѓаните, притоа никако не смееме истите да ги делиме по било која основа.
Се надевам на разбирање на ситуацијата во која не ставивте сите нас од Струмица, пред се како граѓани, после и како институции. Сето ова напишано, не асоцира на ликвидност, не сакам да верувам во други теории.
Со почит,
Костадин Костадинов.