Србин кој неодамна го посетил Скопје се изненадил од специјалитетот – бурек во леб или симит погача. Своето искуство го споделил на ТикТок каде покажал како изгледа овој специјалитет.
„Значи, ова е празен, ултра масен бурек кој е спакуван во кифла. Кифлата во оваа приказна служи за впивање на маснотиите. „И лебот е натопен, и протекува насекаде“, објасни авторот на видеото на ТикТок.
@paqito__ Furna, Čair, Skoplje Šta kažete na burek u hlebu?
♬ original sound – Paqito
На Фејсбук страницата „Југоносталгија“ стои дека „симит-погача или пита со леб е специфичен скопски специјалитет, еден од ретките деликатеси кои се произведуваат и продаваат исклучиво во Скопје“. „Ако има некој град во Македонија каде што можете да најдете симит-погача, бидете сигурни дека сопственикот на местото дошол од Скопје.
„Симит-погача е сендвич во лепче, составен од лепче и мрсна пита без фил, која неодоливо наликува на бурек. „Тоа е некако како леб наполнет со тесто, на прв поглед многу чуден, но кога ќе го пробате, ќе сфатите зошто е толку популарен во Скопје“, истакнува тој во Југоносталгија.
Симит-погача има и свое поглавје на Википедија, како „јадење или пециво направено од тесто во облик на сендвич што се состои од леб и подмачкана празна пита без полнење, што личи на бурек“. Бидејќи симитот е вид на пециво, овој вид симит леб е препознатлив за Скопје, па оттука е познат и како скопски симит, додека обичниот симит во Турција е кифла слична на македонскиот ѓеврек.
Симит погача, наводно, е традиционален појадок во Скопје и се служи со јогурт или чај.