Ќе се реставрираат куќи за враќање на автентичниот стил на штипско Ново Село. Се работи за неколку куќи донирани од кардиохирургот Жан Митрев, кој има штипско потекло. Освен куќи, ќе се уредува сместувачкиот капацитет во бања Кежовица и изворот Л’џи, кој е еден од симболите на штипско Ново Село.
- Со овој проект ќе биде опфатена една куќа за сместувачки капацитет во Ново Село. Дополнително ќе бидат реставрирани неколку други куќи, со што визуелно ќе се подобри амбиентот во Ново Село. Сместувачкиот капациет во бањата Кежовица ќе биде реконструиран, а ќе има и целосно уредување на изворот Л`џи, вели штипскиот градоначалник Иван Јорданов.
Зафатите ќе бидат финансирани преку програмата за прекугранична соработка, во која заедно аплицираа општините Штип и Гоце Делчев од соседна Бугарија.