Мајката на убиената Емилија Пешева, Џемиле, по објавувањето на пресудата за казната доживотен затвор за убиецот Фадил Зејнелов, кој со години вршел насилство над Емилија, рече дека ваквата казна не и ја ублажува болката, но дека се надева дека ќе придонесе кон намалување на ваквите случаи, каде неспреченото родово базирано насилство од институциите, резултира со убиство:
- Задоволна сум од обвинителката, од адвокатите, а највише од судијата. Правилна одлука донесе, така треба. Она што не се враќа, не се враќа, ама и он таму доживотно ќе биде. Не може пресудата да ја излече болката, она нема да се врне, ама работата е такви луѓе повеќе да нема. Имаме сите деца, ако пријаве некој како јас што сум пријавувала, да се презимат одма мерки, да се затварат тие луѓе. А не одиш, пријавеш, пак идеш, пак пријавеш. Од прва кога ќе пријавеш, треба одма да се презимат мерки. Ако има опасност, некакви закани, кога ќе се пријаве да се презимат одма мерки. Да бидеме слободни, да знаеш дека детето ти е сигурно, дека си сигурна кога си одеш од работа. Ако има такви луѓе, да се затварат, вели Џемиле, мајка на убиената Емилија Пешева.