Долга е листата на познати личности кои добиле деца од кратки љубовни врски. Некои без проблем јавно зборуваа за тоа и ги признаа наследниците, а други се обидоа да ги избегнат родителските обврски иако ДНК анализата покажа дека децата се нивни.
Драган Којиќ Кеба
Кеба пред 24 години ја доби ќерката Ина со текстописецот Љиљана Јевремовиќ, но тој никогаш не ја призна. Кога се докажа татковството, Љиљана го покрена прашањето за алиментација, поради што случајот заврши дури и до Меѓународниот суд на правдата во Стразбур, но најмногу ја повреди тоа што семејството на Драган никогаш не ја призна нејзинта наследничка.
Мирослав Илиќ
Пејачот го доби синот Девин од вонбрачна врска со Мирјана Антоновиќ, а татковството е докажано по 15 години судење. Сепак, Мирослав ја обжали пресудата, принудувајќи ја Мирјана повторно да оди на рочишта, но, како што изјави за Информер, сè е насочено кон тоа спорот да се реши во нејзина и во корист на Девин.
Маринко Роквиќ
Маринко, за разлика од многу негови колеги, го признал својот син Дарио, кој го имал кога бил млад и никогаш не размислувал да го негира татковството. Не само што го прифатил синот, туку му го дал и неговото презиме и се трудел да не прави разлика меѓу него и синовите што ги имал со сопругата Славица, Никола и Марко.
Иако не пораснале заедно, Дарио редовно се гледа со своите полубраќа, а чинот на Роквиќ е еден од најубавите примери за тоа како да се соочите со младешките работи и да застанете зад вашите постапки.
Горан Бреговиќ
Музичарот има три ќерки со сопругата Џенана, но едната е вонбрачна, Жељка, која ја добил со Јасенка, танчерка што ја запознал во клубот каде што работела. Горан без проблем ја призна наследничката која е родена пред да се ожени, а Жељка е во одлични односи со нејзиниот татко. Таа не се појавува во медиумите, но е успешна жена која има приватен бизнис и живее во Сараево.
Шабан Шаулиќ
Шабан го доби првиот син Роберт кога имал само 18 години, а пејачот цел живот се обидуваше да ја направи хармонична врската меѓу неговото вонбрачно дете и наследникот што го има со сопругата Гордана. Пејачот до 18 години одговорно плаќал алиментација, а Роберт сега живее во Зрењанин и додека можел се грижел за стари лица и така заработувал.
Ера Ојданиќ
Ера никогаш не криел дека многу сака жени, па не е чудно што се најде и на листата на оние кои имале деца вонбрачно. Имено, пејачот има пет деца, од кои две, синот Андреас и ќерката Бјанка, не ги добил со сопругата Љубинка, но финансиски ги обезбедил целосно и направил се за да ги прифати и останатите членови на семејството. Ера еднаш рече дека неговата покојна сопруга ги прифатила неговите вонбрачни деца и дека тие многу се почитуваат и се сакаат, а како татко не прави разлика меѓу нив.
Халид Муслимовиќ
Некогаш големиот шармер и заводник пејач Халид Муслимовиќ има вонбрачна ќерка која не сакаше да ја признае цели 18 години. Тоа го направи дури откако заврши ДНК анализата, а за целиот случај никогаш не сакаше да зборува за медиумите. Покрај Ена, тој ги има синот Енис и ќерката Лејла, која ја доби со сопругата Мелина.
Гордана Бјелица
Со години се шпекулира дека татко на актерката Теодора Бјелица е новинарот и поранешен српски амбасадор во Русија, покојниот Мирослав Лазански. Но, ниту таа, ниту нејзината мајка, исто така актерка Гордана Бјелица, никогаш не го потврдија ниту демантираа тоа.
-Одлуката да имам дете беше само моја затоа што верувам дека секоја жена која е способна треба да стане мајка и никогаш ништо не сум барала од машка страна. Таа, јас и тој знаеме кој е татко на Теодора“, истакна тогаш Гордана.